Малку поинакво полнење на тегнато тесто.
Прво го замесуваме тестото и треба да добиеме нелепливо тесто.
Во зависност од тоа на каква маса ќе работиме, го делиме на 2, односно 3 дела.
Секое топче го расукуваме во мало кориче и го премачкуваме со масло.
Оставаме да одмори тестото, а за тоа време го подготвуваме филот.
На загреано масло го пржиме сецканиот праз.
Зачинуваме со сол и бибер.
Тргаме од оган и додаваме ајвар и сецкано сирење.
Сега на чаршав ја тегниме првата коричка.
Ако имаме задебелени крајчиња ги одстрануваме.
Јас скоро и да не попрскав со масло по тегната кора, од причина што има масло во филот.
Ставаме половина количина од подготвениот фил и со помош на чаршафот виткаме кора.
Може одделно да ги ставиме двете во правоаголна тава, или цела да биде во тава бр 28,
Постапката е иста и со другата коричка.
Одозгора попрскуваме со малку масло и печиме околу 25 минути во загреана рерна.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани