Во длабок сад го промешуваме квасецот со водата и маслото. Додаваме постепено брашно помешано со сол и замесуваме убаво меко тесто, колку да не лепи на раката. Садот го прекриваме со најлон фолија и го оставаме во фрижидер 30 минути.
Го вадиме тестото и го делиме на 8 топчиња. Ги премачкуваме со масло и оставаме уште пола час, но не во фриждер туку на работната маса.
На чаршав растегнуваме кора од секое топче, па го попрскуваме со масло и сирење на пример. Јас правев со разно мешано зеље и со сирење.
Ги виткаме полека потегнувајќи го чаршавот се додека не се завитка сама кората. Да не ја фаќаме со рака, да не биде како затепана. Готовите крички ги редиме во тава и оставаме уште малку да постојат во тавата, па ги печеме во загреана рерна.
Ние имавме убав ручек, а можете и вие, ако го спремите овој убав рецепт.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови