Месото исечете го на коцки и ставете го да се потпржи во некое тенџере, а може и во експрес лонец.
Кога малку ќе се пропржи, извадете го и во маслото ставете го исечканиот кромид, заедно со лукот. После десетина минути, вратете го назад месото врз кромидот и ставете ги исечканите домати. Нека повари некоја минута, зачинете по вкус, ставете 1 лажиче црвена пипер, турете ја водата и виното и оставете го на тивко нека вари се додека не се свари месото и сосот да згусти.
Јас кога се брзам, а секогаш во работен ден немам време, целата постапка ја правам во експрес лонецот, го затворам и го оставам да вари на не многу јака температура дваесетина минути.
Се служи или со некоја тестенина, со компир, ориз, по ваша желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови