Подготовка
1. За подготовка на кората промешајте го брашното, пармезанот и солта и додадете го ладниот путер исечкан на коцки. Најпрво со вилушка измешајте колку можете, а потоа со рака втријте го путерот за да добиете трошки. Путерот не треба целосно да се стопи во тестото, треба да се познаваат мали топченца низ него. Додадете ладна вода по потреба, само да се поврзе тестото и обликувајте диск. Гледајте колку може помалку тестото да го месите со рака бидејќи на тој начин го топлите, путерот ќе се растопи и печеното тесто нема да ја има таа крцкавост.
2. Завиткајте го тестото во фолија и ставете го во фрижидер минимум ½ час.
3. Потоа извадете го, расукајте го со сукало и префрлете го во округла модлата за тарт со пречник 23 см. и избоцкајте ја кората со вилушка.
4. Измешајте ги сите состојки за филот и наполнете го тартот. Потоа одозгора наредете ги резанките домат. Премачкајте ги со четка со маслиново масло и ставете го тартот да се пече 30-35 мин на 180Ц.
5. Испечениот тарт оставете го да се олади, потоа извадете го од формата, исечете го на парчиња и послужете.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани