Омилени ни се сите комбинации што се прават вака со путер, слатка павлака и чоколадо, а потоа додавате состојки по вкус и желба.
Овој пат бев хронерски расположена кога ги правев и се создадени за редовната ужинка што ја имаме во хроно исхраната во периодот на вонрестрикција.

Подготовка
1. Путерот и слатката павлака ги ставаме на средна температура на рингла.
2. Кога путерот ќе се стопи и смесата ќе се доведе до точка на вриење ја тргаме на страна и го ставаме чоколадото. Мешаме додека да се растопи.
3. Во оваа чоколадна смеса ги ставаме мелените бадеми и сечканите суви кајсии, рендаме кора од портокал и додаваме рум по желба и вкус.
4. Смесата ја оставаме малку да се излади, за да можеме да ги формираме топчињата. Секое топче кое е со неправилен облик го валкаме во какао. Ги оставаме во фрижидер да се стегнат.

Од овие состојки излегуваат околу 20 тартуфи, зависи која големина ќе ги правите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани