1. Пилешките гради се сечат на коцки, се посолуваат малку и се пржат додека да испари водата која ќе ја испушти белото месо и додека порумени.
2. Се додава сечканиот кромид и морков и се пржи заедно сето додека да омекне зеленчукот.
3. Потоа се става мешаниот сув зачин, малку црн пипер и на крај црвен пипер кој се пржи 1 минута, па веднаш се додаваат сечканите домати или може и доматен сос.
4. Додека сето крчка на тивко, се вари супа од пилешката коцка и водата, се додава во тавчето и се остава сето заедно да крчка на тивко.
5. За тоа време се лупат компирите, се сечкаат на коцки и се ставаат во земјената тава.
6. Врз компирите внимателно се истура смесата од тавчето и се меша. По потреба се додава уште млака вода да ги покрие компирите. Тавата на површината се посолува со кршената пченица и се става во рерна.
7. Сега се пушта ререната на најсилно и кога ќе ја достигне максималната температура, се намалува на 200 степени и се пече околу 1 час.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани