1. Дивото месо се сечи и се мие убаво со вода.
2. Во еден длабок сад се тура 500 мл вода и 50 мл бела киселина, малку сол, бибер, рузмарин и масло. Смесата убаво се меша и во неа се додава дивото месо. Се покрива садот и се остава дивото месо да отстои цела вечер во смесата.
3. Следниот ден на дивото месо го додавате свинското саламурено месо и 2 лажици сенф. Така заедно ги оставате да постојат уште три часа.
4. Потоа во тенџере над оган го турате целото месо заедно со водата и додавате уште 500 мл вода, сувите пиперки, кромидот и лукот (исецкани на ситни парчиња), морковот, ловоровите ливчиња, малку мешан сув зачин, мелен црн бибер и бибер во зрно. Се вари на средна температура околу 3 часа.
5. Откако ќе се свари месото се зема сад за печење или земјена тава во која се истура целото сварено месо. Се додава сланината, печурките и преостаната вода во која се вареше месото. Садот се завиткува со сребрена фолија и се остава да се печи на температура од 200 степени околу 3 часа.
6. Откако ќе биде готово месо се вади фолијата и одозгора се става ренданиот кашкавал на секаде по малку и повторно се враќа во топлата рерна уште 10-15 мин. за да се растопи кашкавалот.
Пријатно јадење!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови