Земесете тесто од наведените состојки и поделете го на 8-9 топчиња кои ќе ги покриете со крпа. Оставете ги да подстасаат додека го сечкате и пржите празот.
Ставете брашно на работната маса(посолете)и земете ја првата топка. Со сукалката почните да ја сукате кога ќе почне да ви се лепи обавезно посолете брашно и продолжете да сукате колку што можете потенко.
Секоја кора попрскајте ја со масло нанесете од филот со праз, сирење и жолчки редете ги корите сукани една врз друга повторувајќи ја постапката со сите преостанати кори.
На крај со ноже исечете ја питата и печете на 200степени половина час.
Добар апетит!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани