- Во сува тава на тивок оган препечете го сусамот.
- Исецкајте ги желе бомбоните.
- На работна површина истурете дел од шеќерот,  ставете го локумот и месете го, се така додека не го потрошите целиот шеќер. Додадете го и препечениот сусам, продолжете да месите.
- Кога целото се споило и е податливо за понатамошна работа. Со раката на лесно подмачката проѕирна фолија оформете правоаголна кора, посипете ја со исецканото желе, оформувајте во ролат и понатаму дотерувајки ја формата цело време помагајки си со фолијата.
Напомена
- Можеби ќе мислите дека е многу слатка оваа сува посна слатка, но не е.
- Желе бомбоните ставете во количина која ја сакате вие, овде има околу 100 гр. желе бомбони кои и не беа доволни според големината на ролатот.
- Кога ги сецкам желе бомбоните прво ги ставам во вода за да се стопи шеќерот во кој се извалкани, ги заплакнувам пак со вода и тогаш лесно се сечкаат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани