Брзо и вкусно јадење, кое можете да го подговите за кратко време, односно за помалце од половина час. Комбинацијата на сурими ракчиња и ориз е идеална и оваа количина е доволна за двајца или ако сте со помал аптетит, може и за 3ца.

1. Сурими ракчињата се маринираат во сок од лимон и бело вино, заедно со зачините, околу 1-2 часа.
2. Во вок тава или може и во грил тава, се запржуваат ракчињата на малце маслиново масло, околу 5 мин. Јас ги сакам позапржени, бидејќи така се покарамелизирни одозгора и ми се повкусни. Вие ако сакате можете и за пократко време да ги тргнете од оган, се зависи од желбата и вкусот.
3. Оризот се подготвува по веќе напишаниот рецепт за ориз на азиски начин.

Се послужува така што прво се ставаат 4-5 лажици ориз, па одозгора се редат ракчињата.

-Во оризот можете да ставите и зачини дополнително ако сакате. Јас го сакам чист, без ништо, бидеќи самите ракчиња се веќе зачинети. Како и е да е, бидеќи нема во него зачини, ако не ви е вкусен како таков, лесно може да се додадат зачини по вкус.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови