Многу вкусна супичка, со посебен вкус од крем сирење.

1. Исецканите компири се варат во посолена вода ( околу 3 литри). Исецканиот кромид се пржи заедно со изренданите моркови и се додаваат кон компирите.
2. Од брашното, солта и јајцето се меси тесто и се сука тенко во правоаголна форма. Потоа се дели наполу и двата дела се премачкуваат со зденките и се виткаат во ролат, па се пресекуваат на парчиња.
3. За 5 минути до готовност на супата се додаваат тестенините и се варат на тивок оган, накрај се додава магдоносот.

По желба може да се додаде во супата ситно исецкана пиперка.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани