Чашата е од 240 мл.
- Исецкајте кромидот, морковот и боркулата.
- На путер ставете да се пржат кромидот и морковот, кога омекнат залијте со пилешкиот бујон, оставете да проврие. Зачинете на вкус, додадете го и лукот. Доколку користите свеж, тогаш ставете го заедно со кромидот и морковот да се пржи. Откако проврие додадете ја и исецканата брокула, нека се вари се заедно околу 8 мин.
- Извадете малку од зеленчукот настрана, а остатокот испасирајте. Ставете повторно на тивок оган, а додека да проврие во сад измешајте ја павлаката со брашното (може и нишесте), додадете кај чорбата, нека се вари заедно 3-4 мин.
Тргнете, додадете половина чаша од кашкавалот, размешајте да се стопи.
Служете додавајки во тањирот од веќе тргнатиот исецкан зеленчук, посипете со рендан кашкавал и на вкус - пармезан,
Напомена
- Поделени се нашите мислења што се однесува до павлаката. Јас ја сакам оваа супа со разматена кисела павлака, а останатите со павлака за готвење.
- Доколку не ја сакате толку кремаста и ви е прегуста, тогаш ставете повеке од бујонот.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани