Во тенџере ставете малку зејтин, ставете го пилешкиот џигер и посолите.
Пржите на тивок оган додека се испржи убаво џигерот.
Во меѓувреме исецкајте го кромидот и додате го во испржениот џигер.
Промешајте и додадете ги патлиџанот и пиперката исто насецкани на ситно. Пржете неколку минути и ставете вода. Поклопите и оставите нека врие пет - десет минути.
Потоа додадете ја тараната, мешаниот сув заччин, биберот и малку магдонос.
Кога е варена тараната тргнете настрана.
Пријатен апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови