Лето-зимо кај нас редовно има чорба, супа.
Еве предлог за една вкусна крем чорба со кнедли од афион.

На загреаното масло го ставаме ситно сецканиот праз да се запржи.
Потоа ги додаваме сецканиот морков, компир, тикве, целер, гранчиња целер, магдонос.
Пржиме 1-2 минути и налеваме бујон или вода.
Додаваме сол и бибер и вариме 20 минути, или додека зеленчукот не омекне.
Додека се вари зеленчукот ги подготвуваме кнедлите од афион.
Во сад на оган ги ставаме млекото, путерот и солта.
Од кога ќе зоврие ги додаваме просеаното брашно, пециво, афион.
Енергично мешаме за да се изедначи смесата.
Додека е топла формираме ваљак кој го делиме на мали парчиња.
Секое го формираме во топче.
Сега сварениот зеленчук го поминуваме со стапчест миксер.
Густината на супата ја одредуваме сами.
Јас ставам одпрлика околу 1,5 вода.
Не сакам многу густа супа.
Потоа ги спуштаме афионовите кнедли да се варат.
Не им треба многу време.
Готови се кога ќе испливаат на површината.
Сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани