1. Зеленчуците и месото се сечат на парченца.
2. Во тавче на оган се става маслото, откако ќе се загрее се става месото, се запржува и се додава кромидот.
3. Во тавчето се додаваат останатите зеленчуци и се запржуваат.
4. Се додаваат и зачините.
5. Една кора се поставува врз кутлача и се полни со состојките.
6. Се завиткува и се поставува во тавичка, така што краевите од кората да се долу.
7. Така подготвени се премачкуваат со бешамел.
8. Се печат во рерна и пред крај им се ренда кашкавалот.

За бешамелот
1. Во касерола се става путерот да се растопи, се додава брашното и се пропржува.
2. Се додава млекото и зачините.
3. Се вари до згуснување.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови