- Путерот ставете да омекне на собна температура
- Кикиритките истолчете ги или исецкајте.
- Брашното измешајте го со шеќерот во прав, пецивото, ванилата и какаото. Додете го јајцето и исецканиот омекнат путер. Замесете тесто, може и не мора да се стави да одлежи во фрижидер.
- Расукајте кора, врз неа посипете ги истолчените или исецкани кикиритки, со сукалото или со раката налегнете за да се залепат во тестото. Со модла сечете и вадете форми, а може и само со нож да исечете штангли. Наредете во плекче, печете на 180 степени околу 10 мин.

Оладени посипете со шеќер во прав, а и не мора.
Весели празници!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани