Многу едноставна, брза подготовка, а полна чнија вкусно, слатко задоволство.
Во една вангличка ги ставаме јајцата и шеќерот и кратко матиме да се соединат.
Потоа го додаваме растопениот путер, млекото, кое ни било оставено на собна температура, пецивото, содата, сецканото чоколадо и брашното.
Сето лесно го промешуваме да се спојат состојките.
На апаратот ги монтираме плочите за мафинчиња.
Го уклучуваме апаратот 4 во 1 да се загрее.
Во секое дупче ставаме по една лажица, поклопуваме и ги печиме до заруменување.
Ги вадиме на кујнска решетка, да се подизладат и послужуваме со домашен топол чај.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани