Во брашното ги додаваме солта, шеќерот, јајцата,квасецот и маслото. Со постепено додавање на јогуртот замесуваме средно меко тесто кое ќе ни се одлепува од садот за месење.
Оставаме да стаса околу еден час.
Од стасаното тесто делиме пет еднакви топки и оставаме десетина минути да одмараат додека го подготвуваме филот.
Ги кршиме трите јајца, сирењето го дробиме и павлаката ја додаваме сето заедно мешаме.
Секоја топка тесто ја расукуваме со големина на плехот од рерна, премачкуваме со филот преку целата кора и така се додека не ја расукаме последната пета кора.
Сечеме по должина на два сантими и вртиме како да цедиме алишта.
Најпрактично е тестото да го ставите на хартија за печење да не лепи.
Премачкуваме со жолчка и посолуваме со сусам и ким.
Печеме десет минути на 220 а потоа намалуваме на 200 околу петнаесетина минути или додека не добие убава златне боја.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани