Овој кулоф го правев за прв пат иако стои запишан во тефтер веќе со децении. Иако малку скратив од количината на состојките, како шеќер и брашно (ми се гледаа многу) сепак текстуално спаѓа во оние старински кексови, колачи, тешки, благи за јадење и многу издашни со поскромни состојки, но затоа пак носталгично навраќа на едно безгрижно време од детството и на кујната на нашите мајки и баби. Доколку немате лимон при рака, лимон шеќер успешно можи да го замени во вкусот.

Најпрво убаво се матат јајцата со шеќерот, па постепено редоследно се додаваат останатите состојки (без какаото и мармаладот).

Од смесата 1/3 се одвојува и во неа се меша какаото.

Мармаладот доколку е желиран стопете го во микробранова за да можи полесно да се мачка.

Калапот за куглоф намастете го и посипете го со брашно. Истурете пола од белата смеса и со пола од црната измешајте низ неа.
Ставете го го загреана рерна на 160С да се потпечи 10на-15 мин. колку да фати коричка одозгора.

Потоа извадете го од редна и премачкајте го со мармаладот. Овде домашен мармалад од сливи или шипинки одлично би се вклопил, иако можи да ставите каков имате. Потоа распоредете го и вториот дел од белата смеса и исто така со црната ишарајте низ неа.
Вратете во рерна и оставете да се печи најмалку уште 45 мин.

Печениот куглоф покријте го со влажна крпа и оставете го да олади, па потоа превтрете го на рамна чинија и извадете го од калапот.
По желба одозгора можи да посипите шеќер во прав.

Напомена-користете голем калап за куглоф.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови