Фамилијарен појадок, се надевам дека ќе ви се допадне.

Подготовка
1. Сувите состојки ги соединуваме. Го додаваме маслиновото масло и постепено водата. Замесуваме тесто со лажица. Го замесуваме убаво на работна маса, која ја посипуваме со јачменово брашно.
2. Двоиме 1/3 од тестото за да ги направиме плетенките, а од останатите 2/3 формираме срце кое го ставаме во калапот. Формираме три долги прачки и од нив правиме плетенка која ја ставаме врз претходно ставеното тесто.
3. За филот ги промешуваме трите состојки. Ги распоредуваме врз тестото.
4. Питата ја печеме во загреана рерна на 200 степени.

Забелешка
Ако ја правите питава во друго тавче, ќе одговара тавче бр. 26. Од плетенките ми остана едно парче кое го ставив врз филот, т.е. малиот ми се уплетка и тој мораше нешто да направи, па излезе да се додаде средишниот дел (не беше по план тенката лента до плетенката).
Дозата за филот можете и да ја зголемите, проценете сами.
Ја печев во рерна со вентилатор, па мислам дека поради тоа малку филот ми загоре.
Важи за хронерите
Ако сте во рестрикција користете друго брашно, т.е. не ставајте спелтино. Исто така не мешајте млечен продукт со јајце, направете си друг фил. на пример само младо сирење и ајвар, со некој додадок од зеленчук и сл. Ама вие веќе си знаете, а јас само да ве потсетам.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани