За бисквитот
1. Брашното и путер ги матиме со миксер додаваме малу сол.
2. Матиме додека не добиеме песочна форма.
3. Ги додаваме шеќерот, изматеното јајце и кората од лимон (само жолтиот дел).
4. Матиме додека не добиеме тесто и го пренесуваме на работна површина.
5. Го месиме додека не добиеме хомогена смеса, го ставаме во најлонска фолија и го ставаме во фрижидер за путерот да се добро олади. (околу 1 час).
6. Од тестото направете форми (срциња, со големина по ваш избор).
7. Печете на 180 додека позлатат.

За кремот
1. Во тенџере ставаме 250гр малини и 100гр шеќер со една лажица вода нека врие околу 5мин.
2. Мешајте додека добиете сос додадете 10гр желатин и мешајте брзо додека сосот е топол.
3. Оставете да се излади.
4. Свежата павлака додадетеја во кремот мешајки од долу па нагоре.
5. Распоредете ги на бисквитот од срциња во висина од 5 см.
6. Ставете во фрижидер од 1 час.

За желето
1. 130гр малини со 30 гр шеќер убаво мешајте со лажица 2-3 мин. додадете 5 гр желатин.
2.оставете да се излади и ставете над веќе изладените срциња и оставете околу 2 часа во фрижидер.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови