Овој прекрасен десерт го подготвив за Прочка. Ете отстапувам од правилата дека треба кадаиф, јас си напраив благо по мој мерак. Овој десерт е одличен за оние кои обожаваат не многу благи десерти, со киселкаст овошен вкус. Оригиналниот рецепт е со свежи јагоди, но бидејќи сега тешко се наоѓаат и се многу скапи, затоа ја одбрав опцијата со вишна и сметам дека воопшто не погрешив.

1. Се подготвува класичен пандишпан од наведените ссотојки. Се матат сите сосотојки, убаво да се соединат и се пече на 200 степени, околу 10-13 мин., додека да зарумени. Се пече во тавата од шпорет.
2. Печениот пандишпан се става на мокра крпа, се витка од сите страни и се остава да се лади.
3. Во меѓувреме се прави овошниот фил. Вишните се ставаат на оган да се одмрзнат или ако се веќе одмрзнати, се оставаат малце да провријат во сопствениот сок.
4. Се додава мармаладот и се меша за да се спојат. Потоа се додава растворениот густин и се меша за да се згусне смесата. По потреба ако сакате додадете и шеќер. Јас не ставив за да остане киселкастиот вкус.
5. Потоа подгответе и класичен ванила пудинг. Оставете ги филовите да се ладат.
6. Во ванила пудингот се додава маргаринот, екстрактот и се мати да се соединат.
7. Во калап за срнечки грб или во калап за печење леб, предходно обложен со фолија, се става паднишпанот.
8. Се разлева овошниот фил и убаво се распределува.
9. Потоа врз него се става ванила филот и се затвара странично со вишокот тесто.
10. Се остава убаво да се олади. Најубаво е да се прави предходниот ден, навечер и да се сотави цела ноќ во фрижидер убаво да се здрват филовите.
11. Се мати шлаг пена според упатствата.
12. Се превртува срнечкиот грб на послужавник и се декорира според ваш избор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови