Едноставен колач кој предизвикува големо задоволство. Многу популарен во минатиот век :)
Изматете го маргаринот заедно со шеќерот па додавајте ги јајцата, едно по едно.
Во добиената смеса, ставете го прашакот за пудинг, брашното, пецивото и убаво измешајте.
На крајот ставете ги мелените ореви и ренданото чоколадо.
Калапот за срнечки грб намрсете го и набрашнете го. Турете ја смесата и ставете ја да се печи на 170 степени. После половина час проверете дали е печен со чепкалка.
Кога ќе биде готов, печен, извадете го од рерната и оставете го во калапот уште десетина минути. Потоа превртете го на некоја тацна.
Одозгора најпрво премачкајте го со мармаладот од кајсии, па прелијте го со стопеното чоколадо.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови