СПОРИЈА ОД КАЈСИЈА - ЕВРЕЈСКИ СЕМКИ. Најбараниот апетисан кој се одликува со уникатен вкус и мирис и перфектно оди во комбинација со жестоки пијалоци и пиво.
Семките од кајсија откога ќе се исчистат од плодот се оставаат 7 дена на сонце да се исушат. Потоа се кршат од лушпата и се одваруваат во 10 води за да се извади горчливоста.
Се ставаат семките со вода да се покријат и се става на оган да вријат. Одкога ќе зоврие 5 минути да вријат и се така 10 пати.
Откога ќе се одварат се ставаат во ладна вода и се лупат.
Се цедат убаво се посолуваат и се ставаат во загреана рерна да се запечат.
Откога ќе се испечат се оставаат убаво да се изладат и се собираат во стаклени тегли.
Забелешка
Јас користев горчливи семки бидејки и после 10 води имаа некој вкус и се чувствуваше мала горчливост. Постапката за благи семки од кајсија е иста само што се одваруваат во 5 води. Ова е најдобриот апетисан, нам омилен за кознумирање со пиво.
На здравје !!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови