Декоративно пециво со полнење кое сите дома го сакаме.

Во брашното ставете го квасецот, шеќерот и солта и со млекото замесете тесто. Кога ќе биде млекото половина потрошено ставете го и јајцето, малку разматено. На крајот стевете го и омекнатиот путер и месете додека тестото не го прими целиот путер. Тестото ќе биде меко, но нема да се лепи на раце. Оставете го да одмори 15 мин.

За тоа време исечете ги на ленти парчињата шунка и кашкавал, а маслинките на мали радијални парчиња.

Тестото расукајте го во правоаголник 40х50 см и исечете 5 ленти по должина (широки 8 см). На секоја лента ставете парчиња шунка, кашкавал, доматен сос и маслинки и преклопете со остатокот од тестото. Првата филувана лента тесто свиткајте ја како полжавче и ставете ја во центарот на тавчето за печење (Ф 24-26 см) обложено со хартија. Останатите ленти моткајте ги во продолжение за да се добие една голема спирала и да се пополни тавчето. Одозгора наросете оригано.

Откако ќе завршите со обликување на тестото уклучете ја рерната на 200 степени.
Во загреаната рерна ставете го тавчето и печете додека не порумени.

Печениот бриош извадете го од тавчето и оставете го малку да се излади. Потоа исечете парчиња и уживајте.

Пријатен апетит!

Забелешка. Квасецот кој јас го користам 1 кесичка е за 1 кг брашно.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани