Пандишпан
Чашата е од 200 мл.
- Прво обарете го спанаќот, добро истискајте од водата, изблендирајте го заедно со маслото.
- Со мискер пенесто изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата, додадете пирето од спанаќот, измешајте и на крај доддете го брашното измешано со пецивото. Измешајте добро со шпатула или со најниската брзина на мискерот. Истурете ја вака добиената смеса во модла на откопчување бр.24 послана со хартија за печење.
Ставете да се пече во веќе загреана рерна на 170 степени околу 30-40 мин, односно до потполно испекување. Ќе проверите со познатата постапка - чепкалката ако излезе сува пандишпанот е печен. Малку нека олади и потрудете се да извадите и ставите на решетка вадејки ја хартијата одоздола, нека се добро излади заради полесно делење на три дела. Јас го спремам пандишпанот одвечер за наредниот ден навистина со леснотија ја поделам кората на три дела.
Фил 1
- Ставете во газа да се добро исцеди киселата павлака, потоа засладете ја со шеќерот по ваш сопствен вкус, а заради аромата додадете малку сок од лимон и рендана кора од лимонот. Поделете го на три дела.
Фил 2
- Во сад ставете ги малините заедно со шеќерот и малините. Кога ќе го пуштат сокот одделете од нив малку во чаша во која ќе го растворите густинот. Додадете го кај малините и сварете крем како пудинг. Тргнете од огнот, додадете го путерот, размешајте да се соедини и нека олади малку - поделете на два дела.
Оформување
- Ставете ја на тацната првата кора на која ќе премачкате од фил од малини и чекајте да олади и стегне. Поставете го сега обрачот од модлата околу кората. Врз филот од малините кој веќе е оладен ставете едниот дел од филот со киселата павлака, потоа ја ставате втората кора, премачкајте со млакиот фил од малини, нека олади, па фил од од павлаката, завршувате со третата кора и ја дооформувате со третиот дел од филот со павлака.
Тортата е завршена, декорирајте по ваша жебла и вкус. Оставете ја да одлежи во фрижидер за да може подобро да се сечат парчињата - макар што нестрпливите може да ја сечете и веднаш.

Изборот за мојот јубилеј е токму овој рецепт. Истовремено и несекојдневна торта која ја приготвив за роденденот на моите близнаци со која јас одовде, а тие далеку од мене, им ја пракам честитката по повод нивното раѓање, им посакувам многу среќа и секое нивно утре да биде уште подобро од вчерашното утре.
Драги мои пријателки, драго мое друштво... дека е убава дружбата со вас тоа е факт, многу нешта научивме овде, дружејки се на средбите со многумина од вас лично се запознавме, со многумина виртуелно ни остана виртуелно, но сепак е пријателство... Посакувам да го постигнете овој број сите - па и новите членови, ова наше катче би сакала да стане катче на сите ентузијасти бидејки има големи причини зошто да се овде. За тоа нешто треба да сме благодарни на уредништвото кое ни го овозможи целото тоа. Пишувајки овде, дружејки се со сите нас и сите заедно, го оставаме и личниот печат кој многу значи и огромно е задоволството - верувам дека е обострано. Успеавме да го надградиме ова наше катче кое не случајно го носи името МОИ РЕЦЕПТИ и ми остана една омилена дестинација. Истовремено сум и горда на неа кога ќе забележам дека многу пријатели од целиот свет ни се придружуваат затоа што навистина има што да видат, да прочитат и научат од нас.

Напомена
- Јас исеков од горниот дел од пандишпанот откако беше оладен, односно едноставно ја излупив кората која се формира на површината и во ја изблендирав за да добијам трошки кои ми послужија за декорацијата.
- Наместо фил со кисела павлака, можете да си ставите и фил од матена слатка павлака во количина од 500 мл. додавајки во неа и 200 гр. крем сирење. И овој фил одлично се однесува со пандишпанот од спанаќ. Останатото исто.
- Можете да спремите заменски фил од малините, односно желе од малини измешано со вишни кое исто така супер вкус.
4 лажици џем од вишни, 200 гр. смрзнати или свежи малини, 2 лажици шеќер ќе ги споите со 500 мл. вода, нека се загреат. Разматете во дел од течноста 6 лажици густин, нека се свари. За да биде млако заради нанесувањето - чувајте го врз сад со топла вода. Овој рецепт има многу можности за фил - изненадете се себе си со необичните состојки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани