Прво пилешките копанчиња ги обескостуваме.
Ги зачинуваме и ги оставаме во фрижидер да одстојат и примат од зачините.
Сега доматите ги лупиме, ги сецкаме на коцки.
Коренот целер го сечеме на парченца.
На загреано маслиново масло ги пропржуваме парчињата месо, кои сме ги извалкале во брашно, од двете страни. Ги тргаме на страна.
Во истата маснотија ги пржиме сецканото младо кромидче и целерот.
Потоа ги додаваме доматите. Додаваме некое зрно шеќер.
Ги додаваме зачините.
Крчка 10 минути, да се соедини се, па ги додаваме испржените копанчиња.
Крчка уште 30 минути на тивко, или се додека не се згусни сосот.
На крај посипуваме со свежо сецкан магдонос.
Сервираме со прилог од варен компир, тестенина....

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани