Нашиот денешен летен ручек.
Мој совет е да го подготвите доматниот сос на утро, да биде готов, а после работа само да го довршите ручекот и за 20-25 минути имаме миризлив, вкусен, топол и лесен оброк.
Прво се подготвува сосот.
Во касерола се става маслиновото масло, сецканиот кромид и кратко се запржува.
Се додаваат лупените, сецкани домати.
Остаавме на тивко да крчка, сосост да се згусни.
По желба го поминуваме со стапчест миксер.
Додаваме зачини по вкус, капари, магдонос ишампињони.
Треба да имаме одприлика околу 500-600гр сос, за да може ал денте сварените тортелини да го впијаат овој богат вкус на доматите.
За тоа време ги ставаме во зовриена вода да се варат тортелините.
Ги процедуваме и ги додаваме во доматниот сос со шампињони.
Промешуваме.
Оваа содржина ја истураме во огноотпорен сад.
Покриваме со листови моцарела, па со листови кашкавал.
Наросуваме мешавина на италијански зачини.
Го ставаме садот во загреана релна на 200 степени и печиме околу 15-20 минути.
Сервираме топло и послужуваме со чаша бело вино.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани