1. Јајцата се матат со шеќерот и ванилата, убаво и пенесто.
2. Се додаваат течните состојки, пак еднаш добро се проматува.
3. Бадемите и крем стапчињата ставете ги во сецко и сомелете ги средно крупно.
4. Потоа, почнувајќи од брашното и пецивото додадете ги сите останати состојки во течната смеса.
5. Кратко проматете со најниска брзина на миксерот.
6. Смесата е готова и треба да се подели на два еднакви дела (две теста).
7. Калап за печење бр. 26 обложуваме со хартија за печење. Рерната треба да ни е загреана на 250 степени.
8. Тестата се печат околу 20 минути на 180 степени додека убаво не поруменат. Боцнете со чепкалка за да проверите. Нека се изладата убаво печените теста.
9. Пудингот се вари на стандарден начин.
10. 400 мл. од млекото ставаме во сад на оган, измешано со 7 лажици шеќер и една ванила.
11. Пудинзите ги раствораме во 100 мл. млеко, и потоа ги додаваме во млекото кое врие.
12. Кога пудингот ќе згусне, го тргаме на страна, го покриваме со најлон и оставаме сосема да се излади.
13. Маргаринот, втората ванила, шеќерот во прав и кората од лимон ги матиме со миксер, а потоа ги спојуваме со изладениот пудинг.
14. Матиме додека да добиеме хомогена смеса.
15. Потоа ги додаваме сецканите урми, кршените стапчиња и трошките, па темелно мешаме со лажица.
16. Тортата ја филуваме во калапот. Тесто, фил, тесто, фил, и на крај целосно ја премачкуваме со фил. Двете теста се прелеваат со сируп од вишни за да бидат посочни пред да им се нанесе филот.
17. Декорираме по желба и можност. На здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови