Оние кои што ја пробаа беа воодушевени од оваа екстра брза и лесна тортичка од палачинки. Топло ви ја препорачувам!
1. Јајцата се матат со шеќерите.
2. Се додава киселото млеко, водата, брашното, пецивото, чиа семето и се доматува убаво за да не останат грутчиња.
3. Во загреана тефлонска (или која било нелеплива тава, јас печев во Стоун леџенд на Делимано) тава на оган (јачина на рингла 3/1,5) со помош на лажица црпалка се печат палачинките.
4. Лажицата не се полни сосема, палачинката се истура во средината на тавата и се пече 3 – 4 минути, потоа се превртува од другата страна и се пече исто толку време.
5. Кога ќе ги допрете со прст, палачинките треба да бидат сунѓерести по печењето.
6. Кога ќе ги подготвите, оставете добро да се изладат. Од оваа смеса извадов 11 палачинки.
7. Чоколадниот крем се подготвува на следен начин – во длабок сад на оган ги ставаме млекото и путерот да се соединат, путерот да се истопи (ако немате путер, може и маргарин).
8. Потоа се додаваат сувите состојки и чоколадото искршено на мали парчиња.
9. Се меша додека не се добие убава, изедначена смеса без грутчиња.
10. Јачина на рингла – 3/1,5.
11. Чоколадната смеса се остава да се излади 5 минути, внимавајте да не ви се стегне многу.
12. Следува редењето на тортата – палачинка, 1 лажица чоколаден крем, 1 лажица мармалад.
13. Украсете по желба. Оставете во фрижидер да се стегне 30 – 60 минути.
Добар апетит!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови