Еве предлог за уште пилешка салата во мноштвото презентирани на оваа страна.
Во тенџере налеваме вода, додаваме сол, измиените копанчиња и го ставаме коренестиот зеленчук (се со цел копанчињата да добијат убав вкус) да се варат околу 30 минути.
Потоа изладените копанчиња ги чистиме од коските и кожата и ги сецкаме.
Во еден сад ги соединуваме месото, сецканиот варен морков, грашакот, кромидчето, магдоносот, шампињоните, павлаката, мајонезот, кари,сенф, сол, бибер по потреба.
Убаво изедначуваме и ја ставаме салатата во фрижидер да одстои 30 минути да се спојат вкусовите, па сервираме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови