Феноменална пита со кори за баклава и филови од јаболка, ореви, афион, цимет и кисела павлака.

Прво пригответе се што ви е потребно за рецептот.
Сомелете ги оревите, изрендајте ги јаболките, додајте го циметот и шеќерот (не се цедат јаболките од сокот што ќе пушти), афионот и киселата павлака.
На подмачкан плех за торта се редат 2 кори, се премачкува со 2 лажици кисела павлака, се посипува со шеќер, па со мелени ореви.
Потоа пак се редат 2 кори се премачкува со павлака и се става фил од афион и се става шеќер (околу 2 лажици).Потоа пак редиме 2 кори, премачкуваме со павлака и истураме дел од јаболката. Продолжуваме да филуваме ред кори, павлака шеќер, орев....се редат слоевите додека не се потрошат сите кори. Најгоре се завршува со кора и се става преливот од павлака и 1 јајце. Се печи во загреана рерна на 200С-45мин.
ПС-Шеќерот ке го ставите според вашиот вкус по потреба .

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани