- Стекот со остар нож отворете го, значи не го сечете до крај, покријте со фолија и истолчете го но притоа внимавајки да не е претенко.
- Во сад скршете јајцата, додадете сол и бибер, пармезанот, сецканиот магдонос.
- Стекот прво ставете го во брашно да се добро покрие (вишокот истресете го) ставете кај смесата со јајца, добро увалкајте.
- Во тава ставете заедно маслиновото масло и путерот, нека се стопи и загрее, ставете да се пржи стекот од двете страни до благо заруменување.(околу 4 мин. пржење од секоја страна зависно колку е тенок стекот) Извадете на чинија на страна.
- Во тавата во која се пржеше стекот додадете го исецканото чешне лук, нека се лесно запржи и откако ќе го почувствувате неговиот мирис додадете го виното. Пожелно е да ја тргнете тавата од огнот при додавањето на виното бидејки постои можност да се запали. Додадете го и бујонот, вратете на огнот да зоврие.
Откако ќе зоврие вратете ги пржените стекови во тавата и на бавно нека се крчка. Додадете го и сокот од половина лимон. Овде може да додадете и сецкан магдонос, обрнувајте ги повремено за да и од двете страни се впива од сосот и ова трае, се додека не добиете сос кој не е многу густ, а веќе и почнало маслото да се познава. При самиот крај можете доколку сакате да додадете и лажиче шеќер.
Извадете стекот, полијте со сосот и навистина ви посакувам да уживате во вкусовите.
Напомена
- За цело време се приготвува на тивок оган.
- Виното изберете кое сакате да го ставите.
- Кога сосот веке е при самиот крај сакам да ставам шеќер, штом се стопи веднаш ја тргам тавката од огнот.
- Доколку не го сакате вкусот на виното, тогаш намалете наместо 200 мл. ставете 100 вино - 100 вода.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани