Сезона на јаболка, па еве со комбинација на цимет и рогач, настана многу сочен, кревок колач. Пробајте го.
Во вангличка ги ставме јајцата и шеќерот и матиме се додека не добиеме густа смеса.
Со исклучен миксер ги додаваме млекото, маслото, циметот, лешниците, рогачот, брашното, пецивото, содата и некое зрно сол.
Многу лесно промешуваме за да се соединат состојките.
Сега измиените јаболка ги лупиме, рендаме на крупната страна на рендето и ги додаваме во претходно соединетите состојки.
Соединуваме.
Смесата ја истураме во мала ростер тава, која претходно е танко премачкана со масло и на која има малку посипано брашно.
Печиме околу 30 минути на 190 с.
За тоа време ја загреваме слатката павлака.
Во неа го додаваме искршеното чоколадо и мешаме да се соединат.
Оставаме испечениот колач да се подизлади па го прелеваме со топлиот ганаш.
После еден час сечиме на штангли и послужуваме.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани