Она што ќе го кажам за овој колач е тоа дека мелениот афион во содржината на колачот кој на крај е полеан со чоколадното млеко, е една убава комбинација со специфичниот вкус на самиот афион, па дава еден мазен и интересен вкус, што го прави афионот попристапен за консумација.

- Најпрвин го сомлев афионот во Нутрибулетот, а вие користете си готов сомелен.
- Јајцата и шеќерите се матат пенесто до зголемување на волуменот, се додаваат млекото и маслото, а потоа брашното во кое сме го измешале пецивото.
- На крај се става афионот и се изедначува убаво со миксерот. Потоа со силиконска шпатула и смесата се истура во правоаголно тавче 30х20 см. обложено со хартија за печење (овде е користена малата ростер тава).
- Се печи на 170 степени 35-40 минути, но сепак се проверува со чепкалка.
- Откако убаво ќе се излади, од тестото се одстранува хартијата, тестото пак се враќа во тавчето и се сечи на коцки.
- Се мешаат шеќерите и какаото и се додаваат во млекото, се загрева убаво додека да се стопи шеќерот, се меша цело време, но пред да зоврие, чоколадната млечна течност се трга настрана неколку минути и потоа полека со лажица се прелева врз сечениот колач.
- Одозгора на тавчето се става фолија и штом сосема ќе се излади може да се јади.
Блажината на колачот нам ни беше таман, а вие прилагодете си плус-минус шеќер.
На здравје!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани