Одамна немав јадено толку сочно колаче, а лесно за подготовка.

Јајцата изматете ги со шеќерот, додека шеќерот не се растопи. Додадете го маслото, а потоа додадете ја тиквата.
Додадете ги сите суви состојки и матете додека смесата не се изедначи.

Печете на 220 степени 15 минути, потоа намалете на 200 степени и печете уште 30 мин.

Колачот на фотографијата е печен во Делимано калап за векни. Од оваа смеса излегуваат две калапчиња.
Доколку правите мафини, полнете ги 3/4 и при печењето проверувајте со чепкалка дали се готови.
Можете да печете и во Ростер тава, но тогаш колачот ќе биде потенок. Нема да има разлика во вкусот, само формата. 

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани