Кромидот се сецка и се става во тава заедно со изренданиот морков. Месото се сече на поситни коцки и се става во тавата. Се налева 4-5 лажици зејтин и 1 чаша вода и се става да се динста.
Се промешува одвреме на време и ако месото не е доволно омекнато се дотура вода по потреба.
Одкако ќе омекне месото се додаваат печурките и сончогледот и целата смеса се пржи 10-15 минути. Се става и лажица брашно, се меша, а потоа се додава павлаката и водата.
Се остава сосот на оган додека се изедначи смесата. Се вари околу 5 минути и на крај се зачинува. Се меша убаво, се трга на страна поклопено со капак да одстои 5-10 минути за да се изедначи вкусот.
Може да се користи како самостоен оброк, доволно е богат, а може и како додаток кон тестенини,пире...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани