Многу вкусен, интересен сос. За да не варите посебно мала количина грав, јас обично кога го варам за ручек, одделувам од него, го замрзнувам веќе сварениот грав и го користам кога има потреба.
Во блендер ставете ги сите состојки и блендирајте со пулсирање се додека не ја добиете посакуваната густина. Одозгора, пред сервирање, накапете малку маслиново масло и наросете мајчина душица.
Служете го со вашите омилени крекери.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови