Започнуваме со матење на јајцата со миксер, додаваме масло, пециво, брашно, јогурт и солта и се заедно соединуваме.
Корите ги делиме на пола, една половина ни е еден ролат или околу 6-7 кора.
Започнуваме со редење
На почеток мора да подготвиме тавче со големина на корите кое ќе го премачкаме со масло. Ставаме кора, ја премачкуваме со филот од јајца, ставаме една лажичка ајвар премачкуваме.
Врз ајварот рендаме кашкавал, ставаме втора кора, премачкуваме со филот од јајца рендаме шунка поросуваме магданос и се така по ред додека не ги потрошиме корите. На последната не ставаме фил од кашкавал или шунка само премачуваме со филот од јајца.
Печеме на 180 степени околу дваесетина минути и пет минути на 200степени.
Ролатот веднаш го вадиме на влажна крпа додека малку не омекне го премачкуваме со павлака и мотаме ролат.
Во влажна крпа го оставме да одстои неколку часа сечеме убави парчиња и послужуваме може да го премачкате и одозгора со павлака и да декорирате со магданос.
На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани