Покрај благите рецепти со белки еве еден предлог како да ги искористите белките и во солена варијанта.

Шунката, морковот и сирењето исецкајте ги на малечки коцки.
Маслинките исчистете ги од семките.
Правоаголен калап со димензии 30 х 11 намачкајте го со путер или маргарин и посипете го со брашно.
Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени.

Белките со прстофат сол изматете ги во снег. Потоа исклучете го миксерот и додајте ги млекото и маслото и измешајте ги со жица или голема лажица или шпатула. Потоа додајте го брашното и пецивото просеани низ сито и убаво измешајте со шпатула. Сега додајте ги и останатите состојки, шунката, сирењето, морковот, грашокот и маслинките. Додајте и малку сол по вкус, зависно колку ви е солено сирењето.
Измешајте ја смесата да се изедначи, турете ја во калапот и порамнете ја со лажица. Ставете го да се пече околу 35-40 мин и 5-6 мин во исклучена рерна.
Печенит солен колач послужете го откако ќе олади.
Колачот е декоративен, вкусен и останува мек и 3-от ден.
Колачот може да се пече и во помало плехче, да се сече на коцки и да се декорира со кисела павлака и зеленчук по желба.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани