Подготовка
1. Модрите патлиџани се мијат и се бришат. Поголемиот патлиџан се сече на тенки кругови, се премачкува со масло, се посипува сол и бибер и се пржи на грил. Парчињата се оставаат да се оладат.
2. Помалиот модар патлиџан се лупи и се сече на коцки. Тиквичката ако е помала, млада, доволно е само да се измие и да се исече на коцки (јас не ја лупев). Кромидот се сече на резанки.
3. Во нелеплива тава се загрева маслиново масло и се запржува кромидот да омекне, се додаваат коцките м.патлиџан и тиквичка, се посипува сол, бибер, сумак се промешува, се покрива со капак и се остава на среден оган полека да се готви отприлика 10-15 мин. Коцките треба да омекнат ама сепак да останат цели. Од време на време промешувајте, ама внимателно.
4. Кога зеленчукот ќе омекне се додава пасираното лукче, сецканата печена пиперка и домати. Понатаму се готви откриено додека течноста да испари. Малку пред крај се додава оцетот балсамико, се промешува и кога е готово се трга тавата од оган.
5. Се додава сецкан магдонос и босилек, пармезан и сецканите маслинки. Се остава смесата на страна да се олади.
6. За тоа време во калап за мафини се редат листовите модри патлиџан печени на грил за да го покријат дното и страните на калапите. Дел од нив ќе излегуваат надвор од калапите, тие ќе ви послужат да ги затворите формите. Потоа секоја форма наполнете ја со смесата од зеленчук, отприлика до ¾ од калапот и дополнете со по една лажица урда или уште поубаво со кремасто козјо сирење. Секое калапче затворете го со парчињата од страна или евентуално додадете по едно парче модар патлиџан одозгора. Калапот се става во фрижидер убаво да се олади и да се стегне смесата.
7. Кога е убаво оладено, а најубаво да одстои преку ноќ, се превртува калапот и се вадат поединечните форми со модар патлиџан.
8. Во садот во кој ќе се послужуваат, на дното се става рукола, се зачинува со масло, сол, бибер и се ставаат поединечните форми со модар патлиџан. Врз секое се става по едно парче мортадела, се посипува со сецкани ореви и со семки калинка по вкус.

• Од оваа смеса можат да се наполнат отприлика 12 форми за мафини, во зависност од големината на модрите патлиџани и тиквичката кои ќе ги користите, а и од дебелината на која ќе го исечете модриот патлиџан на грил.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани