Модриот патлиџан се сечи на тенки ленти од околу 3 мм во должина и се запекува од двете страни во намастена грил тава да омекни.

Ситно сечкан кромидот најпрво се запржува, па се додава меленото месо. Во меѓувреме се ренда компирот. Се зачинува и во тавата се додава ренданиот компир и магдоносот/власецот. Се меша и пржи кратко, колку да се соедини.

Јајцето со водата, маслото и павлаката се посолува и убаво се меша, па се додава во тавата со месо и компир. Се изедначува повторно смесата со мешање.

Дел од лентите модар патлиџан сечиме на половина. Едната страна ја макаме во сусам која ќе ни е всушност надворешниот дел од мафинките и со тие половинки го обложуваме намастеното дно на модлите за мафини. Со цела лента исто така намакана од едната страна во сусам ја обложуваме страната/кругот на модлите.
Во средината ставаме до горе од спремениот фил и посипуваме и одозгора со сусам.

Печиме на 190С околу половина час.
Печените мезе мафини ги оставаме да подизладат пред да ги вадиме од калапите за да не ни се распаднат.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани