За подготовка на мафините најпрво подгответе го меленото месо.

Кромидот и морковот ситно насецкајте ги и пропржете ги во тава со 5-6 лажици масло колку да замириса кромидот.
Додајте го меленото месо и продожите да го пржите додека водата што ја испушта не испари. Повремено и мешајте. Внимавајте да не го препржите месото, треба да остане сочно.
Тргнете го на страна, додајте ги зачините по вкус и магдоносот исецкан на ситно. Оставете го да олади.

Подготовка на мафините
Во калап за мафини наредете хартиени кошнички.
Рерната вклучете ја да се загрева на 180 степени.
Измешајте ги брашното, пецивото и содата и просејте ги низ сито.

Во сад со жица убаво изматете ги јајцата, млекото и маслото. Додајте го брашното и убаво измешајте го. На крај додајте го подготвеното меленото месо и кашкавалот. Убаво измешајте да се изедначи смесата.
Сол не додадов бидејќи ми беше доволно од зачинетото месо.
Со смесата наполнете ги кошничките до горе и ставете ги да се печат за време од 20-25 мин.
Мене ми испаднаа 12 мафини ама помали од стандардните.

Печените мафини можат да се послужат топли или ладни декорирани со кисела павлака и зеленчук по избор.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани