*Кошнички*
1.Се просејува брашното и се додаваат водата, солта и маслото. Се замесува тесто и се остава во фолија 30 мин.да се одмори. Се сука кора и се премачкува со половина од маргаринот. Се преклопува како плик и пак се остава да се одмори едно 20мин. Пак се расукува тестото и се премачкува со другата половина маргарин. Сега се витка како ролат, па ролатот се свиткува одлево кон десно и уште еднаш. Се остава да се одмори 20мин.
Се сука кора дебелка колку прстот и се сечат со чаша кругови. Се редат во модла од мафини и се печат 25мин на 200С. Може да се прават лиснатици, кифли или сечени ленти кои се премачкуваат со јајце. Тоа е ваша желба.Но ако ги правите овие кошнички може да се замрзнат и кога ќе се одмрзнат директно да се полнат со фил. Секогаш наполнете ги кошничките пред служење.

*Салата-фил*
2. Краставиците се лупат се чистат од семките и се оставаат убаво да се исцедат. Потоа се сечат на ситни коцки, се додава лукчето, изварката, павлаката, саламата и пченката. Се полнат корпите и се украсува со варена пченка и свежа краставица.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани