Во една вангличка ги ставаме ладниот путер, солта, жолчката, пецивото и брашното.црвениот пипер.
Со рацете правиме трошки.
Потоа додаваме студена вода, онолку колку што треба, 1-2 лажици за да замесиме нелепливо тесто. Го покриваме со фолија и го оставаме во фрижидер 15 минути.
Потоа сучиме танка кора и со модла, цветче вадиме форми.
Секое цветче го ставаме во модла за најмали мафини, без претходно да ги намастуваме. Во средината малку ги притискаме.
Ги печиме одприлика 10-15 минути.
Оставаме на решетка да се изладат.
Сега го подготвуваме крем полнењето.
Во еден сад ја ставаме фетата, ја гмечиме со вилушка, додаваме куркума, кисела павлака, бибер, сецкана сланина.
Убаво сето го соединуваме.
Ги полниме изладените кошнички.
Ги декорираме со парченце зелена маслинка и ливче магдонос.
Ги чуваме во фрижидер до послужување.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани