Исклучително меки и вкусни кифлички.
Полнењето им дава посебен шмек.
Пробајте ги.

Во топлото млеко се стават квасецот, шеќерот и едно лажиче брашно.
Промешуваме и оставаме да се активира.
Потоа во вангличка ги ставаме малку изматеното јјаце, солта, кефирот, втасаниот квасец, растопениот путер.
Сето убаво со вилушка го соединуваме, па го додаваме брашното.
По потреба додаваме уште малку баршно, не не повеќе од 1 -2 лажици.
Замесуваме мазно и нелепливо тесто.
Го покриваме и оставаме да се дуплира.
За тоа време во еден сад ги соединуваме сите состојки за полнењето.
Од втасаното тесто сучиме една правоаголан кора, со дебелина од 3-4 мм.
Со округла форма вадиме парчиња.
Во средината на секое кругче ставаме по едно лажиче фил.
На две места стегаме со прстите и малку оформуваме бродче.
Ги редиме во плех, премачкуваме со соединети јајце и млеко. 
Наросуваме по малку чурек.
Киснат 10-15 минути или додека сите ги направиме веќе првиот плех е спремен за печење.
Се печат околу 20 минути.
Ги вадиме на кујнска решетка, па послужуваме

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани