За претстојните матурски прослави еве предлог од мене за вкусни солени бомбици кои се подготвуваат многу брзо.

Подготовка
Путерот треба да ни е омекнат, значи пред подготовка го оставаме на собна температура.
Го матиме со миксер, убаво пенасто. Го додаваме ренданото сирење и урдата.Со лажица ја промешуваме и соединуваме смесата.
Чајната кобасица ја рендаме, а кашкавалот го сечкаме на ситни коцки. Ги додаваме кон путер смесата и соединуваме.
Ги формираме бомбиците со големина по желба. Сервираме во хартиени корпички.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани