Подготовка
- Испечете 20 палачинки во тава со дијаметар од 20 см. по ваш омилен рецепт.
- Спремете модла на одкопчување со пречник од 20 см. постелете го дното со хартија за печење, а со масло сосема лесно намрснете ги зидовите на модлата.
Фил
- Спремете го желатинот според упатстово на паковањето - оставете настрана.
- Крем сирењето промешајте го додавајки сол и бибер на ваш вкус.
- Павлаката сматете ја во густ крем, постепено додавајте ја кај крем сирењето и целото тоа добро измешајте со миксерот на најниската брзина да се убаво спојат.
- Одделете дел од филот и во него ставете веке стопениот на пареа желатин, измешајте и вратете назад, измешајте внимателно лесно мешајки со лажица да се добро поврзе.
- Спремената модла обложете ја со палачинки така што да од страната да виси дел од самите палачинки.
- Од спреманиот фил ставете неколку лажици од филот, врз него ставете додатоци кои ќе ги изберете -искостени црни и зелени маслинки, свежа краставица, сувомеснато, кашкавал... премачкајте врз нив со неколку лажици од филот.
- Останатите палачинки исто така филувајте ги со филот, посипувајте со додатоци кои веќе сте ги избрале, замотајте ја, а потоа замотана во форма на полжав. Ставете ја на средината во формата, филувате друга палачинка и сега мотате околу правата, се така додека не се наполни формата (исто како кога мотаме баница)
Премачкајте ги одозгора палачинките со неколку лажици од филот, вратете ги краевите од палачинките кои висат надвор од модлата, покријте со цела палачинка. Покријте ја, ставете во фрижидер и потребно е да одлежи најмалку 4 часа.
- Извадете ја вака спреманата солена торта превртувајки ја на чинија, откопчувајки ги ѕидовите.
- Филувајте ја целата торта со кисела павлака измешана со малку мајонез додавајки малку сол. Декорирајте по ваш избор.
Напомена
- Ако немате крем сирење, можете да ставите претходно да се цеди кисела павлака, одлична замена е за крем сирењето.
- За посипување можете да ставите било што имате или што сакате да ставите.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани