Оваа прекрасна солена торта од палачинки ја имам прв пат пробано многу одамна, кога мајка ми на подарок доби еден кувар каде ја имаше оваа торта. Јас ја изменив со тоа што додадов спанаќ во смесата, го изменив филот по мој вкус и си ја скоцкав по мој мерак.

1. Од смесата за пачачинки се прават околу 20тина палачинки.
2. Секоја палачинка се премачкува со павлака, рендан кашкавал и рендана салама.
3. На крај цела торта се премачкува со павлака и се наросува со буковец.

Декорацијата е по избор, битен е прекрасниот вкус и изглед на самата торта, која е одлично мезе за посвечена трпеза.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови