Покрај благите торти со палачники еве и една солена. 
Се прави смесата, па во загреана тава се печат палачинките.
Потоа се мачкаат со павлака, мајонез, моркови рендани и се мота во ролат. Па следната палачинка со павлака и кисели краставички и повторно се мота во ролат. И на некоја плус и додадов и кашкавал. Замотани се редат во тавчето.

Потоа ја правите смесата од 3 јајца, пола чаша млеко, остатокот од ренданите краставички и моркови, рендано сирење и се прелеваат наредените палачинки.
Одозгора малку рендан кашкавал додавате.
Се пече тортата 15мин на 180 степени.
Испечената торта ја превртувате на чинија се остава малку да се излади па потоа се премачкува со павлака, декорирате со кршени кикиритки, моркови. Или бидете креативни па по ваша желба.

Превкусна солена торта. Викнете си гости и на здравје.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани